ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖАНИ 65 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ

Факултетот за биотехнички науки – Битола свечено го одбележа својот 65-годишен јубилеј, претставувајќи ја долготрајната традиција на академска извонредност, научна работа и успешна соработка со стопанството и локалната заедница.

На настанот што се одржа на 14 ноември 2025 година присуствуваа претставници од академската заедница, стопанските субјекти, поранешни и сегашни вработени, гости и соработници на Факултетот.

Свеченоста беше отворена со поздравно обраќање на деканката проф. д-р Елена Јошевска, која ја истакна важноста на континуираниот развој и визијата што Факултетот ја гради веќе шест и пол децении.

Пораки за поддршка и признание за успешната работа на една од конститутивните единица на УКЛО, упатија ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски, како и Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора – Битола, при што е нагласено значењето на Факултетот во општествениот и економскиот развој на регионот.

Во рамките на програмата доделени се благодарници на вработени, пензионирани професори и претставници од стопанството, како признание за нивниот долгогодишен придонес во развојот, афирмацијата и унапредувањето на Факултетот за биотехнички науки – Битола.

Свеченото одбележување беше збогатено со музичка изведба на учениците од Државното музичко училиште – Битола, кои на настанот му дадоа посебна уметничка и свечена нота.

Факултетот за биотехнички науки – Битола продолжува да ја гради својата улога како значаен образовен и истражувачки центар, со јасна ориентација кон современи студиски програми, иновации и продлабочување на соработката со институциите и стопанството, велат од битолскиот универзитет.