Од 06.30 часот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на потегот од с. Трпеица – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради одрон. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата се до расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.
Инаку, според информациите на Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози иако има намалена видливост на одредени патни правци поеади појава на магла. Посебно внимание е потребно на патниот правец Неготино- Демир Капија кадешто видливоста е 50м.
одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот и предупредува дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.


















