ТЕРА

REKLAMA???

ПОМАЛКУ СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ ПО СТАРТОТ НА СЕЈФ СИТИ

„Сејф сити“ го намали бројот на сообраќајни прекршоци. Статистиките покажуваат дека се намалил и бројот на сообраќајни незгоди.
Имено, за 50 проценти се намалени сообраќајните несреќи во Скопје, откако почна во функција тест периодот на системот „SAFE CITY“.

Во овој период се случиле сообраќајки, но со оглед на намалената брзина на возилата, истите завршиле со полесни повреди. Нема жртви од сообраќајна несреќа, за разлика од претходната недела пред да биде воведен системот кога само во 24 часа биле прегазени пет пешаци, четворица настрадале на пешачки премин и сите биле со тешки телесни повреди.

Од МВР посочуваат дека со новиот сообраќаен систем се намалуваат прекршоците, во однос од првото деноноќие кога имаше над 100 илјади прекршоци.

Аналитиката на МВР, преку компарирање на статистичките податоци, покажува дека најчеста причина за сообраќајните несреќи со тешки последици е возењето со поголема брзина од дозволеното, а изненадувачки за пошироката јавност, возењето под дејство на алкохол е на петто место. Првите пробни денови од употребата на камерите во Скопје, ја потврдија токму оваа статистика. Системот „Безбеден град“ во моментов детектира четири главни прекршоци: возење со прекумерна брзина, поминување на црвено светло, непрописно паркирање и управување со истечена сообраќајна дозвола. Во идните фази се разгледува можност и за евидентирање прекршоци од пешаци, велосипедисти и возачи на електрични тротинети.

Во однос на евидентираните случаи, граѓаните ќе добиваат известување со опис на прекршокот и фотографија од регистарската табличка, додека ликот на возачот ќе биде замаглен. За судска постапка, МВР ќе обезбедува фотографија без замаглување.
„Системот е целосно автоматизиран, независен од човечки фактор и дизајниран за фер и транспарентна постапка“, велат од МВР.