Утрово 5 степени во Маврови Анови, Лазарополе, 6 Крушево, 8 Охрид, Претор, Прилеп, Берово, 9 Скопје–Зајчев Рид, Крива Паланка, Тетово, Битола, 10 Куманово, Виница, Кавадарци, 11 Струмица, 12 Штип, Велес, Гевгелија, 13 Демир Капија.
Најмногу дожд 34 л/м2 наврна во Крушево, 30 Претор, 28 Маврови Анови, 23 Лазарополе, 18 Прилеп, Пожаране, 16 Берово, 14 Тополчани, 12 Пожар-Радовиш, 11 Струмица, Попова Шапка, 10 Виница, 9 Тетово, Битола, 8 Скопје–Зајчев Рид, Куманово, Гевгелија, 7 Ѓуриште, 6 Скопје–Петровец, Штип, 5 Крива Паланка, Демир Капија, 4 Велес, Кавадарци.
Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Битола до 15 степени.




















