ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСВЕЖО ВРЕМЕ

Во изминатите 24 часа до утрово до 8 часот најмногу дожд 33 л/м2 наврна во Кр.Паланка, Ѓуриште, 25 Виница, 23 Битола, 17 Струмица, 16 Скопје-Петровец,  Пожар, Дојран, 14 Берово, 12 Штип, 10 Попова Шапка, 9 Прилеп, 7 Гевгелија, 6 Претор, 5 Тополчани, Д.Капија, 3 Охрид, 2 Крушево, 1 Скопје-З.Рид.

Во текот на ноќта времето беше претежно облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено во источните делови, процесите беа поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и електрични празнења. Утрово е облачно со слаб локален дожд.

Времето денеска променливо облачно, посвежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени.

Во Битола дневната до 25 степени.