ТЕРА

REKLAMA???

САНАЦИЈА НА ШТЕТИТЕ ОД ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ

По интензивните дождови, во текот на денешниот ден екипите на ЈКП „Водовод“ Битола, во соработка со „Нискоградба“ и „Комуналец“, излегоа на терен во с. Брусник.

„Со механизација и ангажирани работници се спроведуваше санација на штетите предизвикани од обилните врнежи, со цел навремено нормализирање на состојбата во населеното место. Во моментов ситуацијата е стабилна, а екипите ќе продолжат со активностите во текот на целиот ден – онолку долго колку што е потребно“ стои во информацијата од битолски „Водовод“.

Фото: ЈП „Водовод“ Битола