Планинарот Милан Јаковоски од Прилеп кој вчера се изгуби на Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“ во статус на неговиот Фејсбук профил објаснува низ што се вчера поминал на планина.
Тој на неговиот Фејсбук профил напиша дека само Бог и неговата психофизичка подготвеност му помогнале да не настрада вчера на Пелистер каде како што опишува во објавата условите биле екстремно лоши.
„Турата започна како секоја зимска тура но во малку полоши и поестремни услови. Група планинари тргнавме од Инфо центар по патека Широка или изгорениот дом Ловечка. По кратка пауза на Ловечка се упативме кон врвот. На местото Седло временските услови се влошија настана многу густа магла (скоро никаква видливост) и ветер од 120км на час.
Двајцата планинари кои одеа пред мене ги изгубив од видик и пробав сам да продолжам неможејќи да ги најдам маркациите останав околу 15 мин во место и тогаш одлучив телефонски да му се јавам на група планинари кој со ратрак се спуштаја од врвот. При телефонскиот разговор од силниот ветер телефонот ми одлета како лист од рака, се обидов да го стигнам но, не успеав. Во тој момент останав без никакова комуникација со останатите, а се одалечив од местото. По кратко рамислување во многу сурови временски услови решив да се вратам но за жал неможев да видам никаква маркација бидеќи си ги гледав само моите гузерици и ништо подалеку. Знаејќи дека неможам долго да останам на едно место со Господ напред и мала претпоставка на оријентација кај сум почнав да се спуштам со цел да најдам било која патека до долу. Му благодарам на Господ што ме чуваше и на мојата добра физичка и психичка подготвеност но, и на соодветната опрема која ја носев безбедно се вратив во село Ниже Поле каде побарав телефон и ги информирав најпрво домашните, а потоа и сите останати дека сум добро. Сакам да се заблагодарам до сите екипи како: Национален Парк Пелистер, Спасувачката служба, останатите институции и пријателите како и човекот во селото од каде телефонирав што напорно во тие 3, 4 часа ме барале и се загрижиле по мојот живот. Ова е само уште една лекција за мене колку е голема и моќна планината и колку треба да се почитува“ напиша на Фејсбук Јаковоски.


















