На 4 ноември 1982 година во 23:52 минути беше пуштен во употреба првиот блок на РЕК Битола, односно синхронизиран на тогашниот електроенергетски систем на Македонија.
По 40 годишниот јубијеј денеска во Актуел на Тера со директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, за значењето на јубилејот, почетоците, развојот, предизвиците тогашни, сегашни и идни.
Матевски вели дека битолчани и граѓаните на Македонија не треба да се грижат кога станува збор за производството на електрична енергија од најголемиот производител РЕК Битола.

















