На четвртата седница на Советот на општина Битола ќе се расправа и за програмата на советот за женско претприемништво. Советите се дел од граѓанското учество во донесувањето на одлуките на локалната власт, но, според одговорот што ТЕРА неодамна го доби од Општина Битола – Советот за женско претприемништво не постои.

Еден од најактивните советодавни совети во градот – советот за женско претприемништво, допрва ќе се формира. Според секторот за правно-нормативни, администретивни и општи работи, овој Совет е во фаза на иницијатива и пред донесување на Одлука за формирање на Совет за поддршка на женско претприемништво.
А само пред некој ден, на 18 декември членовите на овој совет ја одржаа завршната конференција и, можеби и извештај доставија до о
пштината.
На почетокот на месецот во рамките на своите активности направија и предновогодишна модна ревија на која млада креаторка со нивна помош го оформила својот бизнис. Градоначалникот ги удостои и со своето присуство и со свој поздравен говор.
Оттука, нејасно е зошто општинските правници не знаат за постоењето на овој Совет.
Советодавните совети се посебната форма на граѓанско делување во општината – соетодавни совети кои според закон, а и според статутот на Општина Битола може да ги формираат советот на Општината и градоначалникот како институции. Ваквите совети немаат правен статус – не се правни субјекти за да се вклучат во правниот промет, имаат претседател кој ги претставува членовите од различните области, ако нема посебна одлука на Совет, општината теба да ги покрива нивните трошоци за активностите што ги планираат со Програма за работа.
Според нашите сознанија во некои од овие совети членуваат врвни експерти со големи познавања, а според други сознанија – само формално се напишани имиња.
ТЕРА на почетокот на месецот постави 5 прашања : најпрвин список на актуелни совети со нивниот состав и мандат, буџетот кој општината го извоува за функционирањето на секој од советите во последните три години, дали членовите добиваат надоместоци или други финансиски средства на личните сметки и колку, прашање кое се однесува на финансирањето на одделните активности што ги реализираат или евентуално некакви режиски или трошоци за техничка поддршка.
Одговорот има детали само на првото прашање – список на советодвни совети кои не функционираат затоа што им завршил мандатот на членовите и на тие кои се активни. И , информациајта дека „е донесена иницијатива за донесување Одлука за формирање на Совет за поддршка на женско претприемништво на Општина Битола.“ ( ?!?)

На официјалната веб страница на Општина Битола има информација дека во градот функционираат само три совети од ваков карактер.
Прашањата кои сега се редат се многу: како досега функционирал овој совет, дали нивните активности се вброени во активности финансирани од општината, кој плаќал за нивните досегашни тренинзи, обуки, поддршка на млади претприемачки? И,
Како се финансираат советодавните совети? Дали годинешниот оглас за финансирање на проекти ги става во редот на признати субјекти на општината? Ако составот и активностите им се волонтерски, кој плаќа за нивните технички трошоци. Која е основата или интересот на спонзорите на активностите на сите совети? Фактот дека не се правно лице ја наметнува потребата да се знае дали советите добиваат пари од општината преку друго правно лице – здружение или акционерско друштво? Има ли тука судир на интереси за поединци, има ли тука дискриминација на другите здруженија на граѓани? Кој ја има контролата врз нив и врз потрошените пари? Дали овие за својата работа во текот на годината поднесуваат извештај. Кои се советите, анализите, сугестиите што ги доставиле до Општината – Советот или Градоначалникот па овие ги послушале? И на крај, колку пари од општинскиот буџет се издвојуваат за советодавните совети ? Според одредени непотврдени информации во една од последните три години 400.000 денари се испланирани за активностите на сите совети, а ги има на број 9.

















