Поранешните директори на Економското училиште „Јане Сандански“ и основното училиште „Тодор Ангелевски“, Александар Цветкоски и Љубица Стерјева ќе бидат дел од листата на ЛДП-Битола.
Како што велат од партијата, зад нив има резултати, работа и над 20 годишна посветена и успешна работа во образованието.
„Економско училиште беше комплетно реновирано со инвестиција од 100.000 евра, а во училиштето „Тодор Ангелевски“ комплетно реконструирани спортските терени после 40 години, со инвестиција од 90.000 евра. По завршување на мандатот, училиштата оставени во одлична финансиска кондиција и О (нула ) денари долг“, велат од ЛДП.