ТЕРА

REKLAMA???

ТАПКА В МЕСТО РЕШАВАЊЕТО НА РУИНИРАНИТЕ КУЌИ ВО БИТОЛА

Состојбата со старите и очигледно напуштени куќи  во Битола не е решена подолго време. Проблематиката ја регулираат неколку закони и претставува дефинирана надлежност на неколку субјекти, но, секојдневно граѓаните сведочат на куќи кои неможе да се искористат ниту за развивање на хорор туризам.

Куќата на улицата Стевче Патако видела подобри денови. Како и оваа куќа некаде околу чинарот. Вакви ги има во сите делови од градот – градските улици и приградските населби. Сите имаат напуштени и запуштени куќи. Ај што никој не живее туку и се опасни. На неколку од нив општината реагирала кога имало опасност по безбедноста на минувачите, а состојбата останала непроменета. Или барем без напор од човек, затоа што различните метереолошки појави – различно делуваат на материјалите од кои овие куќи се изградени. Често се стара градска градба, изградени пред скоро еден век и , претствуваат сведоштво и за векот и за  луѓето и за грижата или негрижата.

Куќата на улицата Никола Тесла од минатата година кога ТЕРА пишуваше за неа – не го променила статусот. Општинските правила велат градежната инспекција заедно со комуналнаа инспекција може да регистрираат која куќа претставува опасност, општинските служби да ги пронајдат сопствениците и да има наложат реконструкција. Во случај на непчитување на наредбата од општината, да издадат санкција.

Но од ланската зима досега, видно од приложеното, промена нема. А надлежноста според Законот за инспекциски надзор вели дека доколку претставува опасност по безбедноста на граѓаните, општината може и да го урне објектот.

Општините интервенираат и кога не се почитува Законот за сопственост и други стварн права . Овојх закон ги обврзува сопствениците да го одржуваат објектот така што нема да предизвикува штета или опасност.

Дел од куќите во градот се и заштитени како културно наследство. За нив ако се руинирани има посебни процедури кои се поврзани со Управата за заштита на културното наследство.

Градов има и градежен инспектор, и комунален инспектор и претставници на Управата за заштита на културното наследство.

А сепак, фактите говорат дека напуштените и руинирани куќи кои се регистрирани како такви секојдневно претставуваат вистинска опасност, вистинска комунална опасност – паѓаање на делови на тротоари или коловози – значи може да оштети јавна површина, а не е исклучено и оштетување на други куќи, кои се приватна сопственост. Не ретко се  диви депонии, што пак е извор на зарази, а често се и места на кривично-равни настани за кои знае само полицијата и соседите.