Три џамии во Скопје и една во Битола ќе бидат реставрирани со помош на Турција. Минатата недела во Скопје Реисот на ИВЗ Шаќир еф. Фетаи, потпишал договор за соработка со Синан Аксy, генерален директор на Управата за вакуфи на Турција.
Според протоколот предвидена е реставрација на џамијата „Хасан Баба“ во Битола, како и реставрација на џамиите Балабан, Јахја Паша и Иса-бег во Скопје.
Хасан Баба џамија се наоѓа во западниот дел на градот, на раскрсницата на улиците „Цар Самуил“ и „Ѓорѓи Стерјовски-Џоџа“, во населба каде што се населиле многу муслимански бегалци во 19 век кога го добила името Маџар Маало.
Џамијата била изградена 1037 – 1049 од хиџра (1628-1640 н.е.) за време на владеењето на султанот Мурат IV (1623 – 1640). Во 1883 година џамијата била обновена од Фазли-паша, командант на Третата армија во Битола.
ТУРЦИЈА ЌЕ ЈА РЕСТАВРИРА ЏАМИЈАТА ХАСАН БАБА ВО БИТОЛА

















