ТЕРА

REKLAMA???

УЛОГАТА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРАВЕДНАТА ТРАНЗИЦИЈА

Во процесот на Праведна транзиција, бизнис секторот игра голема улога. Низ европските примери, може да се забележи дека во земјите во кои веќе се спроведува овој процес, бизнис секторот и компаниите имаат носечки товар во менувањето на навиките и создавањето на зелени работни места.

Поради природната географска близина на двата погранични региони, Регионалната стопанската комора од Битола има тесна соработка со Трговската и индустриска комора на Флорина. За двата региони, и за двете регионални комори, предизвик е да се работи на зелена економија и овозможување на зелени работни места.

Во соседна Грција, која е чекор понапред во спроведувањето на Процесот на праведна транзиција, максимално е вклучен бизнис секторот. Тој не само што соработува со министерствата, владата, локалните самоуправи, туку има исто така соработка и со научната заедница, во повеќе области. Тука се обуките, преквалификациите, а формирана е и Зона на иновации.

Многу важна компонента за развој на економијата во општина Битола е вмрежувањето, поврзувањето и соработката со Регионалната стопанска комора со седиште во Битола и со Универзитетот „Св. Климент Охридски“, со цел да се вмрежуваат искуствата за преквалификација и доквалификација и кариерно советување на лицата кои бараат работа, како и да се разгледа можноста за поттикнување на отворање на зелени работни места кои ќе опфаќаат енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, а со тоа и заштита на животна средина. Регионалната стопанска комора, планира да опфати околу 200 фирми со обуки за зелени вработувања и енергетска ефикасност, како и пристап до финансии од оваа област.

Проектот „Подобрување на енергетска безбедност на Пелагонискиот регион преку процесот на Праведна транзиција – состојба на ресурси, искуства со Република Грција и споредба на националните стратегии“ е развиен со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.