ТЕРА

REKLAMA???

УНИВЕРЗИТЕТОТ ПРОМОВИРА СПИСАНИЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУДОВИ

Денеска во просториите на Ректоратот на Универзитетот Св Климент Охридски во Битола беа промовирани две списанија – новото списание Нови Хоризонти за научно-истражувачките трудови на студентите и Зборникот на  трудови од универзитетската студентска конференција одржана во 2023 година. Списанијата, освен својата оригиналност, треба да го поплочат патот на студентите и професорите од Универзитетот со светсктата научно-истражувачката заедница и јавност.

Универзитетот “Св. Климент Охридски”- Битола го издаде првиот број на  Нови  хоризонти –  списание на  студентски истражувања.  Ова е прво научно списание во кое објавените трудови се на студенти. Ќе има и докторски дисертации, а иницијативата е во насока кон промоција на научно-истражувачката работа, луѓето кои стојат зад истражувачките проекти и нивна промоција во светот.

Денешното објавување на списанието на светот го водеше Проф. д-р Горан Илиќ, проректор за наука. Нови Хоризонти претставува прво македонско списание од овој вид, а нашиот универзитет уште еднаш се појавува како пионер, знаменосец на нови промени во нашето општество и генерално во академската средина, рече проф. Илиќ објаснувајќи дека списанието е дел од намерата на ректорскиот менаџмент за максимален пробив во научните кругови особено во меѓународни рамки. „Двете списанија со кои располага нашиот универзитет, тоа е „Хоризонти“ и „Нови Хоризонти“ , дефинитивно со нивното редизајнирање, нивното оформување и нивното објавување, универзитетот станува сериозен актер во меѓународните академски односи, особено во светот на академското издаваштво.

Првиот број на списанието е колекција од шест истражувачки трудови кои ги реализирале студенти и првпат биле презентирани на универзитетските студентски конференции во 2022 и минатогодишната. Строги критериуми треба да бидат задоволени како уредувачкиот одбор би можел да ги вброи во тие кои може да се објават. Во објавените трудови видлива е соработката на авторите ( студентите) и нивните професори во улога на ментори – тоа е поттикот што учителот му го дава на својот ученик.

Проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, проректор за студентски работи рече „Сите останати трудови од универзитетската конфереција што ја организиравме во декември 2023 година се во овој зборник на трудови и ветуваме дека во следниот период ќе издадеме уште еен Зборник на абстракти од студентската конференција 2022 и Зборник на постери од двете студентски конференции. Тоа со единствена цел, ниту еден од студентите да не се почувствува изоставен, ниту еден труд да не остане незабележан во мемоарите и во универзитетските изданија. “

Појавувањето на списанието е првиот чекор кон негово издигнување на ниво на престижен научен журнал. Следуваат постапка за индексирање во база на податоци и проширување на комуникацијата со универзитети и надвор од европските земји со кои веќе е започната комуникација. Списанието го има и во електронска форма.