ТЕРА

REKLAMA???

Уште една стара куќа се сруши во Битола

Деновиве вниманието на битолската јавост е свртено кон состојбата на старите куќи во градот и опасноста од нивно уривање.

Уште една стара куќа се сруши во Битола. До рушење на објектот на улица „Стевче Патако“ дошло во петокот во раните утрински часови, околу 1 часот по полноќ.

Најголем дел од објектот се урнал во дворот. Сопственикот веднаш интервенирал. Со багер бил расчистен градежниот шут.

Во инциденот за среќа нема повредени и нема материјална штета, за што дополнително помогна тоа што уривањето настанало во ноќните часови кога на оваа улица којашто се наоѓа во центарот на Битола нема големо движење.

Телевизија ТЕРА дознава дека сопственикот на објектот во изминатите години се обидувал да извади дозвола за реконструкција, така што предметот бил во административна процедура.

Ова уште еднаш алармира за прашањето за состојбата на старите објекти во Битола и опасноста од нивното уривање, кое ТЕРА телевизија досега во повеќе наврати го третираше.

Имено, ТВ ТЕРА во декември минатата година информираше токму за оваа куќа која се сруши во петокот. Од нашите видематеријали може да се види состојбата на куќата пред нејзиното уривање и по нејзиното уривање. Се работи за стара битолска архитектура односно објект со статус на заштитен споменик.

Инаку, во петокот, како што веќе информиравме се сруши и стар објект на локацијата во Битола позната како ЈАТ. При тоа две возила беа сериозно оштетени откако врз нив се урна  голема количина градежен шут од ѕидот на стариот објект до кој беа паркирани возилата.