Раководството и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, соопшти предмалку најголемата опозициска партија во земјата СДСМ.
СДСМ внесува нова енергија, порача од таму, појаснувајќи дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки.
Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ.
Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ. На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности, велат од партијата.
Ваквиот потег следува по локалните избори каде партијата загуби во најголем дел од општините низ Македонија.
ЦЕЛО РАКОВОДСТВО НА СДСМ ПОДНЕСЕ ОСТАВКИ


















