Австралиската влада соопшти дека испорачала тенкови „М1А1 Абрамс“ на Украина како дел од пакетот од 245 милиони австралиски долари (над 137 милиони евра) за да и помогне на земјата да се одбрани од Русија.
Австралија, еден од најголемите донатори на Украина надвор од НАТО, испорачува помош, муниција и опрема откако Москва ја нападна соседната земја во февруари 2022 година.
Украина веќе ги доби повеќето од 49-те тенкови обезбедени од Австралија, а останатите ќе бидат испорачани во наредните месеци, изјави министерот за одбрана Ричард Марлес.
МИА












