ТЕРА

REKLAMA???

Во Алта банка започна и исплатата на социјалната помош

Корисниците на социјална помош кои имаат сметки во Алта банка од денеска можат да ги подигнуваат своите средства. Парите од Министерството за социјална политика, демографија и млади вчера биле уплатени на сметките на банката, со што се создадени услови за почеток на исплатата.

За корисниците на социјална помош кои имаат сметки во „Алта банка“ нема ограничување за подигнување на нивните средства на шалтер и тие можат наеднаш да го повлечат целиот износ кој им пристигнал за оваа намена. Иако Народната банка воведе општ лимит за располагање со средствата во период од две недели, Министерството за социјална политика договори неделните ограничувања да не важат за примателите на социјална помош, со цел да се заштити нивната егзистенција.

Инаку, во битолската филијала вчера за почна исплатата и на пензите кои имаат сметки во банката, но не располагаат со платежни картички. Иако првично биле планирани околу 400 исплати, на шалтерите биле услужени над 550 граѓани, меѓу кои и лица кои немале оставено телефонски број за контакт, но самостојно дошле да ги подигнат парите.

Исплатата поминала без проблеми, а пензионерите можеле да повлечат до 20.000 денари, согласно со ограничувањето за период од две недели. Битолската филијала денеска работи во две смени, а ќе биде отворена и утре, сабота. Од банката најавија дека следната недела, по завршувањето на подготовките, треба да бидат отворени шалтери и во другите градови.

Народната банка продолжува со активности за надминување на проблемите во работењето на банката и постепено овозможување на граѓаните и компаниите безбедно да располагаат со своите средства.