ТЕРА

REKLAMA???

АВТОМОБИЛСКИ САЕМ ВО ПАРИЗ

Од 14 до 20 октомври Париз ќе биде главниот град на автомобилската индустрија во светот.
Автомобилски ентузијасти ја слават автомобилската култура.

Деновиве во Париз се слеваат автомобилски ентузијасти, класични претставници на автомобилската култура со радост и уста полна зборови изустуваат Париз Експо Порта Де Версај – прва сала, втора сала…, па го гледаат и францускиот претседател кој како да сакал да влезе во секоја од изложените коли. Така барем пишуваат француските жолти весници, за саемот на автомобили за кој новинарот на Си-Ен-Ен вели „Париз ауто-експо нуди од коли за пливање до коли со четвртасти волани.“
Автомобилската култура се однесува на социјалниот и културниот феномен фокусиран на автомобилите, истакнувајќи го нивното значење во обликувањето на животниот стил, вредностите и заедниците. Нејзините припадници авто-центрични, авто-доминирани, апсолутно пристрасни кон автомобилите луѓе кои сите верувања, навики, однесувања во животот ги подредуваат на…автомобилот.

Ова е 90 по ред париски автомобилски саем. Производителите ги изложија своите концепт и „ од линија “ автомобили сите обидувајќи се најпрвин да го привлечат „окото“ на потенцијалните купувачи, а потоа и да направат продажба, затоа што понудија „ритејл“ или препорачана цена.
Изложеното Ауди ес-кју 6 е-трон чини 63.800 долари. Alpine A290 – 37.838 $ , Cadillac Optiq- 56.920 долари, Citroën ë-C3- 20.609 $, Tеsla Model Y Grande Autonomiе- 58.883 долари, Skoda Superb Berline 48.655 $, Volkswagen Tayron R-Line – 76.657 долари. Кога ќе ги претворите доларите во евра сигурно си велите,„ како не бев во Париз- ене каде е.“


И додека ја правите анализата дека во земјите членки на ЕУ автомобилите се поефтини отколку во Македонија, и ….. додека заедно уживаме во убавите автомобили што ги имаме со посредство на YouTube, малку политика.
Овој автомобилски саем со одржува во кризно време за некои од најголемите европски производители. Најпрвин пазарот е преплавен од ефтини, а очигледно и квалитетни кинески електрични возила. Производителите кои имаат претставништва во источно-азиската држава се соочуваат со реципроцитетни даноци во трговско-даночната војна ЕУ-Кина. Згора, имаат и притисок од европската зелена цел – до 2035 година да прекинат со продажба ( очигледно и
произодство) на мотори со внатрешно согорување. Нешто за што веќе  италијаската премиерка Џорџа Мелони го нарече „идеолошко лудило“, па побара ревизија на политичката мерка.


Влијателната групација со седиште во Брисел, која ги вклучува БМВ, „Форд“, „Рено“, „Фолксваген“ и „Волво“, веќе предупреди дека паднале регистрациите на нови автомобили под 644.000 во август годинава, што е пад од повеќе од 18 % во споредба со август лани. И што е најинтересно, најголем пропорционален пад е забележан кај електричните автомобили, чиј удел на пазарот паднал за речиси една третина од минатогодишните 21 процент.