Пријава за врсничко насилство не смее да заврши само со разговор меѓу учениците и повикување на родителите. Основните училишта имаат точно утврдена постапка за пријавување, утврдување на фактите, заштита на жртвата и , можеби најважното спречување на повторувањед на насилството коешто во ниту еден случај не смее да се изедначи со „детска игра“, особено ако се случува во мала средина кадешто училиштето е главната институција со авторитет и кај возрасните.
Пријава може да поднесе секој : жртвата, нејзина роднина, родител, очевидец, наставник…може да биде уснал, писмена, телефонска или електронска. И секој вработен што ќе ја добие информацијата мора да го упати пријавителот до лицето назначено за контакт при пријавување насилство. Училиштето мора да има назначено контакт-лице и заменик, чии имиња и контакти треба да бидат јавно објавени.
Постапката започнува веднаш штом училиштето ќе дознае за насилство или има пројавено дури и сомнеж за насилсѕво.
Ако пријавата се случува за време на насилството, возрасните се тие кои имаат обврска веднаш да реагираат и прекинат и врз основа на сериозноста на настанот, ако наставниците неможат да ја сопрат ситуацијата мора да повикаат полиција.
Наставниците потоа треба да овозможат смирување на ситуацијата, но без претходно никаков притисок или казнување врз ниту еден од учесниците ниту пријавителот.
Потоа, вели Протоколот / Правилникот на МОН, започнува утврдување на фактите: одговорните разговараат со ученикот кој претрпел насилство, ученикот или учениците за кого / кои постои сомнеж дека го извршиле насилството и тоа одделно во доверлива средина, а случајот да биде писмено евидентиран.
Се утврдува на кое ниво припаѓа насилството .
Во Правилникот за начинот на пријавување и заштита на ученик-жртва на која било од формите на насилство , злоупотреба и занемарување во основното образование, насилството е поделено на три нивоа: Во примери за прво ниво се туркање, штипење, навредување, исмевање, игнорирање, поредувачкии пораки . Во ваквите случаи Тимот за спречување на врсничко насилство во училиштата може да ги решат со итерни мерки, но ако е првпат и без значајни последици. Второто ниво за приер ги има шлаканици, удирање, туркање, закани, уцени, исклчување од група, сексуално допирање, ширење приватни снимки . Во овој степен на насилстѕво се вклучува контакт-лицето и се изработува писмен план. Третиот степен на насилстѕво за свои примери ги има тепашка со сериозни повреди, напад со оружје, давење, рекетирање, сериозно закани, силување, масовно ширење интимни снимки. Во ваквите случаи задолжително е вклучувањето на надлежните институции.
Во Протоколот односно Правилникот се нагласува и дека повторувањето ја менува тежината на постапката. На пример, навредување или игнорирање може да биде класифицирано како насилство од прво ниво, но ако се повторува, училиштето веќе има обвврска да го вклучи контакт-лицето и третманот да не значи третман на обичен ученички конфликт.
Кога тоа го бара случајот, се изработува писмен план за заштита и промена на однесувањето, со конкретни мерки, одговорни лица и рокови. Мерките може да вклучуваат психолошка поддршка, одвојување на учениците, дополнителен надзор и работа со ученикот / учениците кои го изврпшиле насилството.
И, според Правилникот / Протоколот, постапката продолжува со континуирано следење дали насилството ( или непријателството ) престанало, дали ученикот се чувствува безбедно односно дали мерките даваат резултат. Ефикасноста се проценува најдоцна во рок од еден месец од дознавање за случајот, а следењето продолжува и потоа доколку е потребно.
Според Правилникот „Насилство претставува секое дејствие или пропуст што предизвикува штета, страдање или повреда на достоинството на ученикот.’ А разликува Емоционално / психичко насилстѕво, Социјално насилство, Сексуално и Кибер насилство, злоупотреба и занемарување и Физичко насилство.











