ТЕРА

REKLAMA???

АКО ВЛЕЗОТ Е ВАКОВ, ТОГАШ КАКО Е ВНАТРЕ ВО НОВИОТ ПАЗАР!?

Медиумите, телевизиите како најсигурен извор на информации често знаат да ги засмеат граѓаните. Денес Тера во Нова Битола праша, дали новиот пазар е по европски стандарди ?

И зборовите и изразот на лицето на госпоѓата од соседниот штанд исто говорат.

На повикот за снимање, мораше да снимиме се. Секој што не одговори во камера ни посочи каде има најмногу смет. Каде, како никогаш да не било исчистено.

Па видовме – густиот сообраќај се случува до непоплочен тротоар, кој води до добро познатите контејнери – поила на коњи и воспитани или невоспитани крави кои или се хранат овде или само проверка прават дали има нешто ново.

Од паркингот водат скалила кои уредно го запираат секое ливче на ветер од сите правци. Граѓаните кои редовно ги користат, знаат како најбезбедно да се движат – ги избегнуваат празнините останати од одамна искршените плочки во целиот објект.

Секако, ве-цеата беа најкритикувани. Ни рекоа не биле исчистени „од ко се отвори пазаро, хлор не клаваат чистачите“.

Чистачи има. Тројца на целиот објект кој од видови на бизниси има… цел град:  обложувалници, банки, кафулиња, ресторани, електроника и апарати, облека, обувки, месарници, пекарници, сендвичари, рибарници, железарија, зелен пазар, кондураџија, бесплатен паркинг.

Кантите – сведочат за многу ѓубриња од кога е изграден и отворен новиот пазар. Изгорената трева -сведок на добрата идеја на архитектот што планирал и тој што прв ја засадил. И сега има некоја драж – вели зелената трева не е модерна.  Миризлива течност од распаднат отпад на многу страни, а ниту највнимателниот хигиеничар кого сите го познаваат неможе да стигне да ја расчисти оградата од која сметот, одвреме-на-време самиот си паѓа во подолниот кат.

Мирисот на распадната уреа, билирубин сосе креатинин од сите возрасти е патоказ кон јавниот тоалет. Иако и четирите скалила кои од зеленото пазарче водат до погорниот кат може да ве збунат.

Оти, тука има повеќеслојна приказна – мирисот на распадната уреа сосе креатинин лесно може да се замени со вистинско ве-це, а ако пак вклучите УВ ламба е дури тогаш приказните веројатно ќе бидат проширени за секој биолошки материјал кој лежи на скалилата.

Ако снимките и зборувањата досега ви покажаа вистинитосна вредност, логиката ја наметна бинарната одговорност. Сакам да кажам дека прашавме кој треба да исчисти де.

Има делови од новиот пазар, таму кадешто се продава текстилна стока, кадешто се гледа дека самите продавачи се труделе да исчистат, рано наутро, пред да ги стават своите производи на штандовите. Поголем дел од нив обвинуваат дека овие со храната „ама баш ич не внимаваат. На пример„ зелкарот сите лисjа од зелката ги остава во ќошот на влезот“.

Другите, кои се занимаваат со други производи, се соочуваат со финансискиот проблем на правилата од претпријатието што стопанисува со пазарот – досега тезгата можела да се изнајми и половина за 2.200 денари, наместо цела, како што сега мора или пак да се плаќаат по 100 денари на дневна основа.

Низ теоријата на логиката, пазарот засега покажува „фази логика“ – онаа логиката на непрецизноста. Сите треба да чистат – ама никој не чисти. Календарската логика пак вели, допрва не очекуваат повисоки температури. Економската логика пак, инсистира дека подобро услови , повеќе можности отвораат.