Јавното претпријатие „Стрежево“ Битола ги известува сите водокорисници дека спроведува акција за бесплатни приклучоци на мрежата за наводнување, односно дека нема да се наплаќа паушалот во износ од 2977 денари.
Акцијата како што велат од јавното претпријатуие започна вчера и ќе трае до 7 јули ова година.
Ова се однесува на оние кои сакаат да се приклучат на овој систем и имаат потреба од вода за наводнување и техничка вода.
Заинтересираните можат да се пријават во центарот за наплата во ЈП „Стрежево“.












