Судскиот совет на Основниот суд во Битола ја преиначи мерката притвор што завчера му беше изречена на пејачот Ламбе Алабаковски, во куќен притвор, јави агенцијата МИА.
Судот одлучуваше по жалба поднесена од неговиот адвокат.
Пејачот Ламбе Албаковски доби осумдневен притвор, а од Обвинителството соопштија дека тоа се бара поради опасност да ја напушти државата, бидејќи поседува и американско државјанство.
Алабаковски е осомничен за кривично дело – предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, за подметнување пожар во кој се запали вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, информираа од Обвинителството.












