ТЕРА

REKLAMA???

АМЕРИКАНСКИОТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ ВЕНС ВО ВАТИКАН

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, католик кој се судри со папата Франциск поради имиграциската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, присуствуваше на верска служба во Ватикан, на која папата не присуствуваше поради неговото закрепнување од пневмонија.

Венс, кој со своето семејство е во посета на Италија за време на велигденскиот викенд, присуствуваше на церемонија во базиликата Свети Петар на Велики петок, денот кога христијаните го одбележуваат распнувањето на Исус.

Американскиот потпретседател беше виден како пристигнува на настанот со неговата сопруга Уша и нивните три мали деца.

Папата Франциск ги ограничува своите јавни настапи по наредба на лекар додека закрепнува од пневмонија.

МИА