ТЕРА

REKLAMA???

„АНГЕЛ“-НОВИОТ ВИДЕО ЗАПИС НА ЛИБЕРО БЕНД

Либеро бенд објавија нова песна со наслов „Ангел“. Најбараниот македонски бенд уште еднаш покажа дека со напорна работа и посветеност ја побива тезата дека состојбата на музичката сцена кај нас не е добра.

Оваа песна е моќна и емотивна, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. Тимот кој победува не се менува, па така и овојпат за музиката и текстот се потпишаа славните брат и сестра Лазар и Магдалена Цветковски, а зад видео записот се потпишува Даниел Јовески.

Момчињата од „Либеро бенд“ велат дека не сакаат да се ограничуваат во однос на жанровите, но она што е важно за нив е дека сакаат да создаваат музика во која слушателите би уживале. Песната „Ангел“ е нивно 11-то авторско дело и е само предвесник на сето она што следува од нив во наредниот период. 

Иван Joванов, Александар Темелковски, Дејан Стојановиќ, Алек Тасевски и Јордан Георгиевски прекрасната песна ја промовираа и со одличен видео запис.