Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.Минималните температури утре ќе изнесуваат -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -3 во Битола, -2 степени во Ресен, а -1 во Прилеп. Поради ваквите температури од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелираат до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.
Агрометеоролозите велат дека ако почвените услови дозволуваат, земјоделците може да почнат или да продолжат со активностите на поле,
Времето е погодно за резидба на виновата лоза и овошките, за отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња), но и за засадување нови лозја.
-Доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците може да продолжат со пресадувањето на нови лози на празните места, со прихранување на есенските култури, со припрема на почвата за сеидба на раните пролетни култури, како и со садење на одредени рано градинарски култури, велат агрометеоролозите.
Тие, сепак, потсетуваат дека, според прогнозата, од почетокот на неделава се очекува позначителна промена на времето со зголемена облачност, врнежи од дожд, засилен ветер и опаѓање на температурата.
Информацијата од УХМР е дека денес ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува засилен до силен северен ветер, наместа со брзина и над 80 км/час. На планините претежно во западните делови повремено ќе провејува снег.
Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно. Утрински температури утре и во четврток во повеќе места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.












