ТЕРА

REKLAMA???

АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА

Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек, велат од Асоцијацијата за Цистична фиброза.

Заради ова, како што соопштија, Асоцијацијата денеска во 14 ч. пред Влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот Трикафта. Со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе АЦФ и официјално ќе се збогува со својот соборец, во исто време, кога во Битола ќе бидат погребани неговите посмртни останки“ стои во објавата на Асоцијацијата.