ТЕРА

REKLAMA???

АСФАЛТИРАЊЕ НА ПЕТ КРАЦИ НА УЛИЦА „БУКОВСКИ МОСТ”

Денес започна асфалтирањето на коловозот на улици „Буковски Мост”, согласно склучениот договор на Општина Битола со изведувачот „ЈоскаТранс -Трејд ДООЕЛ“, соопштија од Општина Битола.

Согласно проектната документација, вкупната должина на краците изнесува 269,6 метри.

За сите краци предвидено е да се изврши нивелирање на капаците на постоечките шахти и сливници, согласно висинските коти од овој проект, преку кои ќе се врши одводнувањето на атмосферските води на улицата.

Вкупната вредност на договорот за реализација на овој проект изнесува 3.246.919,00 денари.

Фото: Општина Битола