Главниот фаворит за промоција во Првата лига, битолски Пелистер го промовираше Наумче Бакрачески како ново засилување. Тоа е уште едно прволигашко засилување за битолскиот тим со кој е зголемен ростерот и конуренцијата во средниот ред на тимот.
Бакрачески е 25-годишен играч за врска и доаѓа од Брегалница, а има настапувано и за Тиквеш.
Според најавите од Битола, деновиве се очекува уште едно засилување кое ќе го засили нападот на ФК Пелистер.












