ТЕРА

REKLAMA???

БАЛКАНСКИ ВИРТУОЗИ ВЕЧЕРВА НА ИНТЕРФЕСТ БИТОЛА

Вечерна на програма на Интерфест настапуваат Огњен Поповиќ, кларинет, Србија и Билјана Јашиќ-Радовановиќ, пијано, Босна и Херцеговина со следната програма :

Антон Еберл: Соната за Кларинет и Пијано  B-dur  Оp. 10. No. 2

  • Allegro spirituoso
  • Andante espressivo
  • Allegretto

Феликс Менделсон: Од циклусот : Песни без зборови

  • Andante espressivo Op.62 No. 1
  • Allegro leggiero Op. 67 No. 2
  • Allegretto gracioso Op. 62 No. 6
  • Allegretto gracioso О 102 No. 3

Шарл Гуно: „Јас сакам да живеам“, од „Ромео и Јулија“

Ѓакомо Пучини: „Кога ќе заминам“ од операта „Боеми“

Бела Ковач: Парафраза на „Лилјакот“ од Ј. Штраус

Огњен Поповиќ: Банатски Танец

 

Четврток, 03. 10. 2024  20.00 часот

Сала: Офицерски Дом, Битола

 

ОГНЕН ПОПОВИЌ / Огњен Поповић е роден 1977 во Панчево каде оформил основно и средно образование во Музичкото училиште „Јован Бандур“. Студиите по кларинет ги продолжил на Високата Музичка Академија во Штутгарт во класата на Улф Роденхојзер. Дипломирал и магистрирал на Високата Академија во Минхен. Докторирал во 2012 на ФМУ Белград. Концертирал во цел свет како солист и како член на камерни состави. Настапувал како солист со Минхенска Филхармонија, Филхармонијата на нациите, Белградска Филхармонија, Европскиот камерен оркестар, Симфониски оркестар на РТС, Академските оркестри на Минхен и Штутгарт. Како оркестарски музичар соработувал со оркестрите на Штутгартската опера, Германската камерна академија, Оркестарот на Луксембург. Добитник е на многу Републички и Државни награди. Освоил Прва Награда на Конкурсот „Феликс Менделсон“ во Берлин 1998, а 1997 Втора Награда на конкурсот на Музичка младина на Југославија (и Прва Награда од публиката).

Од 2002 работи како соло кларинетист во Белградска Филхармонија. Формирал камерен состав „Балканска камерна академија“ со која одржува концерти во земјата и странство,

Снимил 4 ЦД-а со авторска музика и ЦД со Камерната академија и со камерни ансамбли.

Од 2015 издавачката куќа Koebl Verlag од Минхен објавува негови композиции. Од 2007 е визитинг професор на камерната академија Villa Musica во Германија, а од 2010 предава кларинет на ФМУ Белград. Одржува мајсторски курсеви во Германија, Шпанија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Србија.

 Билјана Јашиќ- Радовановиќ / Биљана Јашић – Радовановић дипломирала пијано на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на професор Андреа Прегер. Дипломира и магистрира чембало на ФМУ Белград, во класата на професорот Милош Петровиќ.

Настапувала како пијанист, чембалист и како камерен музичар во Италија, Франција, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија. Како солист настапувла со Бањалучката Филхармонија,  Со Оркестарот „Арион“, со Меѓународниот оркестар во Вараждин во рамките на „Летниот Фестивал на Барокна музика“.

Основач е и раководител на „Бањалучкото Трио“ и „Барокниот ансамбл“ со кои настапувала на значајни фестивали: „Сараевска зима“, „Мермер и звуци“, „Смотри на уметноста“, „Convivium Musicuм“, “FIMA”. Одржува предавања на Музичките академии: во Вроцлав, Гдањск (Полска), Букурешт (Романија), Трст, (Италија), Љубљана, Сарајево и други. Под името „Средби со млади музичари“ организира проект за „ Клавир, клавирско Дуо и Камерни ансамбли“ со настап во серија од 12 концерти. Учествува на меѓународниот проект за климатските промени „ClimateKey, со настапи на пијанисти од целиот свет.

Биљана Јашиќ-Радовановиќ е редовен професор на катедрата за Камерна музика на Акдемијата за уметности при Универзитетот во Бања Лука.