115 дипломи од прв и втор циклус на студии на Бизнис Академијата Смилевски на свечена церемонија им беа врачени на дипломците, односно на 15-та генерација.

На свечената цеременија беа присутни нивните професори, ментори, родители и останати гости.
Основачот на академијата проф. д-р Цветко Смилевски, доби подарок за неговиот роденден кој беше пред неколку дена, а беше кажано дека дипломите секоја година ќе се доделуваат на денот на неговиот роденден.

Со едноминутно молчење им беше оддадена почит на жртвите од трагедијата во Кочани.

На присутните им се обрати и менаџерот за развој проф. д-р Тони Соклевски, како и проф. д-р Маја Кузмановска.

Менаџментот на „Бизнис академија Смилевски“ додели целосна стипендија за прв и втор циклус студии на Лора Стевановска од Штип, ќерка на Филип Стевановски кој неодамна трагично го загуби својот живот во пожарот во Кочани.

Беа прогласени и најдобрите студенти. Громогласни аплаузи за сите кои на овој свечен чин им беа врачени дипломите.












