ТЕРА

REKLAMA???

БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА НЕМА НАЦИЈА-ВЕЛИ СТОЈАНОВСКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА АРХИВОТ

1 Април е ден на архивот и архивските работници. Пред точно 72 години во 1951 годиона е основан Државниот Архив во Скопје, а на 26 мај 1954 години е основан битолскиот Архив, односно како Одделение Битола, тогашен околиски, а со тек на времето се менувал како историски Архив. Овај ден за нас е многу значаен затоа што како институција сме оформени и од тој момент е започната посериозна грижа околу историското наледство кое го имаме, вели раководителот на Одделението во Битола Гоце Стојановски и додава дека со тоа започнува архивската дејност која според него е една од најважните во општеството. 

Во Државниот Архив Одделение Битола имаат околу над 1000 фондови и збирки.Поточно 1067 фондови и збирки. Станува збор за огромно наследство кое го имаме, вели Стојановски. Тука има материјали кои се од државни институции, но и приватен материјал како што е Фондот „Браќа Манаки“, кој спаѓа во категоријата на семејни фондови. 

Архивот е одговорен за собирање и зачувување записи од историско и културно значење.

Нека им е честит денот на Државниот Aрхив и на архивистите, им оддаваме признание на нивната работа на зачувување на културното и на историското наследство на нашата земја како и за нивната посветеност на заштитата на нашето наследство за идните генерации.