ТЕРА

REKLAMA???

БЕЗ СДСМ, ПОИНАКУ И ДУИ СЕ ОДРЖА 26-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТ

Денеска како што вчера беше најавено, продолжи 26-та седница на Советот на Општина Битола. Вчера медиумите добија известување од Советот дека денеска оваа седница продолжува. Со седницата претседаваше Марица Тодоровска, како најстар советник од присустните во салата.Во салата на денешното продолжение беа присутни советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, потоа двајцата советници од Левица и советничката од ДОМ. Не беа присутни советниците од СДСМ и коалицијата, советниците од Поинаку, и од ДУИ.

„Во моментот, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата брои 13 членови и сите оние останати советници кои му сакаат добро на градот треба да дојдат во советничките столчиња и да продолжат со аргументи да дебатираат за градот. Доколку некој не сака повеќе да биде советник слободно може да поднесе оставка и согласно законските прописи влегува следниот советник“, рече Бојан Бојкоски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателката на Совет Габриела Илиевска рече дека не закажала никакво продолжение на седницата и дека Поинаку нема да учествува на незаконски седници. 

„Mојот став во врска со 26-тата седница останува ист како што изјавив од салата на Советот на Општина Битола на 20.04.2023 – отворената 26-та седница е прекината поради потребни дополнителни консултации. Она што дополнително се случувало во салата на Советот на Општина Битола немам намера да го коментирам, за истото ќе се произнесат надлежните институции. Денес од моја страна не е закажано никакво продолжение или пак нова седница. Кој, како и што работи внатре во салата на советот во овој момент незнам. По добиената информација за одржување на седница, утринава како советничка група испративме дописи и до Градоначалникот Тони Коњановски и до Општина Битола во кои информиравме дека советничката група на Поинаку, во состав Габриела Илиевска, Иван Чулакоски и Алмир Адемоски нема да присуствува на т.н. продолжение на 26-тата седница на Советот на Општина Битола. Како советници немаме намера да учествувмае на незаконити седници, ни сега, ни во иднина. Исто така го информирав и Градоначалникот и службите во Општината дека како Претседател на Советот на Општина Битола, побарав вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа за последните случувања во Советот на Општина Битола“ рече Илиевскаа. 

Од опозицијата рекоа дека ја напуштаат само 26 тата седница, а не напуштање на Советот. 

„Јавните претпријатија се наоѓаат во катастрофална состојба и ние не сакаме да учествуваме во таква лакрдија на седница со 85 точки каде се обидуваат да се пазарат и да се докажуваат кој е поголемиот брат во Советот дали Поинаку или ВМРО-ДПМНЕ. Ние принципиелно ја напуштивме само оваа седницата. Не се работи за напуштање на Советот и за замрзнување на нашите функции“, рече Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ.

26 седница на Совет се одржа.