ТЕРА

REKLAMA???

БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ ПОСКАПЕА ЗА 9 И 9,5 ДЕНАРИ

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит, додека на
безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.05.2022 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 104,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 106,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 9,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 30.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 95,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 8,50
ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.05.2022 година и со тоа
малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 93,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС во денешната одлука е иста со малопродажната цена
утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.05.2022 година, односно цената на Мазутот М-1 НС изнесува 54,640 ден/кг.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 104,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 106,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 54,640 (денари/килограм)