Бензините и дизелот поскапуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 44,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,417 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,759 ден/кг.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 64,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 66,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 55,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 44,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 34,759 (денари/килограм)

Сподели