Културниот и информативен центар Битола информира дека во пресрет на Фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада” 2023, како дел од промотивните активности за фестивалот и туристичка промоција на Офицерски дом граѓаните на Битола, како и бројните туристи и посетители ќе имаат единствена можност за бидат дел од традицијата на конзулска Битола, дел од приказната за битолската серенада и да ја почуствуваат возбудата која ја носи возењето со пајтон.
Ги покануваат сите да бидат дел од традицијата, од приказната за битолските чупи и вљубените ергени и да ги споделите своите впечатоци и спомени со блиските. Организирано е бесплатно возење со битолскиот пајтон наредените две недели секоја вечер од 18.30-21.30 часот пред влезот на Офицерскиот дом.
Првото официјално издание на фестивалот „Ех, таа серенада” ќе се оддржи на 24 Август на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола, а на ревијалната вечер ќе настапат 16 изведувачи.
Граѓаните ќе можат да ги подигнат бесплатните влезници од билетарата на КИЦ Битола во Офицерски дом од Вторник 22 Август во работно време.













