ТЕРА

REKLAMA???

БИЗНИС ФОРУМ „10 НАЧИНИ ДА (НЕ) ЈА УБИЕТЕ СВОЈАТА КОМПАНИЈА“

И годинава Битола бизнис форум. Присутни од речиси од сите бизнис сектори. Имаа можност да слушнат примери за успешност во својот бизнис, нови алатки и како да се совладат проблемите.

„ Почнувајќи од секторот здравство преку млекопреработувачката индустрија до металуршко-техничката индустрија. Воедно имаме присутни професори, студенти, сопственици, управители на бизниси, буквално го опфативме секој сектор и наидовме на голема заинтересираност кај нашите граѓани и тоа особено ме радува, бидејќи Битола го заслужува тоа“ вели Билјана Врцал-Ванчевска, претседател на Ротари клубот Битола Широк Сокак. 

Целта и на овој семинар е учесниците, односно лидерите или претставниците на компаниите да се стекнат со нови вештини за нивно поуспешно функционирање.

„Целта на овај семинар е учесниците да се стекнат со нови знаења, вештини од Исак Адижес методологијата, кои ќе можат да ги применат во своите компании, односно лидерите во тие компании ќе научат едни нови алатки за поттикнување на ресурсите во нивните компании за поттикнување на потенцијалите и исто така раст и развој на динамичните компании“ рече таа.

Предaвач на бизнис форумот беше д-р Звездан Хорват од Исак Адижес Академијата од Нови Сад, Србија. Неговата тема 10 начини како да не ја убиете својата компанија.

„Овде е како да ја убијат својата компанија, па потоа нека видат што ќе прават. Едниот од начините е да работат се самите. Да не прават среден менаџмент, да направат се, секаде да се мешаат, да го работата и големиот менаџмент и без проблем ќе ја убијат компанијата“ вели Хорват.

Прашавме за состојбата со бизнисите во ова актуелно време, време на енергетска и економска криза.

„Па добро секое време е… Кога кај нас било добро? Кој вели дека некогаш било добро, што значи дека секогаш е нормално. Значи основното е дали си доволно флексибилен, дали имаш паметни луѓе, дали имаш добри луѓе, дали можеш да излезеш на некои други пазари, тоа секогаш беше. Тоа што сега е економската криза е само еден нов вид на некој проблем, бидејќи основното е дека најдобри се оние фирми кои најдобро ги решаваат своите проблеми, а не затоа што се среќни, односно под среќна ѕвезда родени. Значи најдобри се, затоа што најдобро ги решаваат проблемите и треба да учат апсолутно, бидејќи како мислат поинаку. Не е исто да имате фирма со три луѓе и фирма од 50 луѓе или од 500. Тоа се се различни работи. Ако не научиш, кој ќе учи наместо ти“ вели тој.

Бизнис форумот го организираше Ротари клубот Битола Широк Сокак во партнерство со Стопанската комора на Македонија, регионалната канцеларија Битола.