ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА БЕЗ ЕДНОСМЕНСКА РАБОТА НА УЧИЛИШТАТА ИАКО Е „ОДОБРЕНА“ ОД ЕКСПЕРТИТЕ

На дванаесет  дена пред почетокот на школската година Министерството за образование и наука соопшти дека во 124 осовни и средни учиулишта може да започне едносменска настава. Промената се случува врз основа на светските сознанија за корисни практики. Ниту едно основно ни средно училиште во Битола годинава нема да биде приклучено кон ваквиот начин на работа. За сите „про“  и „контра“ едносменска настава кај нас зборувавме со Илија Василевски, од ОУ „Елпида Караманди“.

На десет дена пред почетокот на школската година битолските општински училишта нема да бидат дел од реформата  – предложената промена. Просторна ограниченост за прием на сите ученици кои се запишани и ја посетуваат наставата во основните и средните училишта во Битола и битолско е причината зошто во градот оваа школска година не се размислува за предлогот на Министерството.  Едносменскиот начин на реализација на наставата не е непознат за општинските училишта – всушност тоа е единствениот начин на кој работат поголемиот дел од подрачните училишта во општината.

Дали едносменскиот начин на работа за учениците, училишната младина на возраст од 5-6 до 18-19 години е повеќе корисен отколку двосменското работење? За ова го натеравме Илија Василевски, магистер по образовен менаџмент вработен во стручната служба на основното училиште „Елпида Караманди“ да го изваде од своите архиви истражувањето што го направи  пред 14 години, што ќе рече визионерски направи истражување за оваа како што ја нарекува супериорна идеја од која корист имаат сите и учениците, и родителите и наставниците и општините сосе државата кои трошат буџетски наменски средства. Ова е добитна комбинација.

„За децата најмногу, за учениците, за наставниците исто така,малку повеќе ќе бидат сега ангажирани меѓутоа ќе се докажат во професијата уште повеќе, јавноста ќе заклучи дека училиштата сега се во една друга позрела ситуација, пофункционална. Наставата ќе се реализира целосно. Освен она што е задолжителна програма има и дополнителна, додатна настава, има ученички актовности, воннаставни итн. Тие во двосменското работење малку се подскратуваат – се прескокнува, подскратува итн. А сега ќе се примену во целосна верзија.“

Најпрестижните училишта во Европа и светот, особено приватните ја применуваат оваа концепција на работење, оттука веројатно и отсуствува дискусијата во нашето општество вели Илиевски. Придобивките се многукратни.

„Една од нив е дека целодневната настава ќе им овозможи целодневни активности на  учениците. На пример, наутро стануваат околу 7-8 часот, почнува наставата и тие продолжуваат со сите активности. Потоа, во зависност од моделот на училиштето, дали со престој или целодневна настава итн. до кај 2-3 часот попладне би биле таму максимално, можеби со ручек или друг вид исхрана… попладнето им е на располагање, дали ќе одат на спорт , на култура , музика или со родителите ќе се видат. “ вели Василевски. Значи, втората придобивка е одморот што го имаат учениците. И исхраната би била подобро организирана и поквалитетна. Другата придобивка е можноста за комуникација со родителите, а придобивка е и тимската работа која наставниците, професорите може да ја реализираат. Сега,во двосменското работење некои колеги воопшто не се гледаат. Едносменското работење овозможува тие секојдневно да се гледаат, да комуницираат, да договараат заеднички активности или да спроведуваат интегрирано образование за кое едно време се правеа активности кај нас. Последната придобивка е финансиската вели м-р Илија Василевски.

Пред 14 години заштедата би била доволна за изградба на нови простории. Пресметките ги правел со нафтата како гориво и цврста градба. Василевски вели парите заштедени од помалиот трошок за енергија треба да се искористат за училнци.

„Некои велат да почекаме да се намали бројот ученици па да воведеме едносменска работа. Не! Добитната формула е дека во едносменска работа се користат 12 литри нафта , сеуште со нафта се грееме, не се променило тоа во последните 14 години , а во двосменска работа потрошувачката е 18 литри. Тоа значи 33%помалку нафта . Јас пресметував конкретно за училиштетт „Елпида Караманди“ како студија на случај и, гледавме дека во една смена некаде околу 11.000 евра ( во тогашни цени, сега не знам какви се цените) може да имаме заштеда, значи 33%. “

Коцептот е едноставно логичен – наместо цел ден секој ден, 8-10 часа работа на училиштата во полн капацитет за заштеда. Негативни моменти засега не се согледани, иако Илиевски повикува на дискусија на темата особено овде во неговиот град. Министерството за образование и наука сега спроведува анализа восоработка со Светска банка, а според нивните првични сознанија уште 5-тина училишта со доградба на една до пет училници би можеле годинава да работат само во една смена.