Скок на вредноста на општинските набавки во 2023 година за цели 40 % , а набавките се зголемиле во 84 % од општините. Во десетте општини со најголема вредност во јавните набавки е Битола на второ место со околу 8 милиони евра.
Зголемување на вредноста на набавките во 2023 година имало кај 68 од 81 единица на локална самоуправа. Кај 20 општини Град Скопје, зголемувањето е поголемо од еден милион евра.
Најголемо е кај Град Скопје, околу 4 милиони евра. Карпош и Сарај имаат зголемена вредност на јавните набавки за околу 3 милиони евра, па Гази Баба, Дојран и Радовиш, Центар и Липково со зголемување поголемо од два милиони евра.
Намалување на вредноста на набавките во 2023 година во однос на 2022 година има кај 13 општини. Најголемите падови во апсолутната вредност на склучените договори за јавни набавки ги бележат општините Кисела Вода, со пад од 5,1 милиони евра, потоа Петровец, со 1,7 милиони евра и Ѓорче Петров, со пад од 928 илјади евра.
Пет од првите десет единици на локалната самоуправа со најголема вредност на тендерите се од Скопје. Прв е Градот Скопје, со околу 19 милиони евра. Втора е Битола со околу 8 милиони евра, по што следат скопските Центар, со 6,3 милиони евра и Гази Баба со речиси 6 милиони евра. Од петтото до осмото место со набавки околу 5 милиони евра се Штип, Куманово, Гостивар и Струмица, и листата од десет ја завршуваат повторно две скопски општини со набавки од 4,6 милиони евра, Аеродром и Карпош.
Вкупниот буџет на општина Битола е 1.933.338.641 денари. Вкупната вредност на јавните набави е 497.992.425 денари. Толку пари се одвоени за јавни набавки. Имало 212 јавни набави во 2023 година.
Најголем дел од јавните набаваки или 70,7 проценти биле за работа, 16,9 проценти за стоки и 12, 4 проценти за услуги.
А според ова истражување на Центарот за граѓански комуникации распределбата на општинските јавни набавки на фирми е следна: по број на тендери 16,9 проценти најмногу имала Стентон Гардба, со 11,2 процнети Енерџи Деливери Солушнс, со 10,3 процнети е битолска Нискоградба. Следуваат и дури фирми кои биле дел од јавните набави кои се со помал процент на учество.
Првите 13 општини со најголема вредност на набавките, всушност трошат исто пари колку и останатите 68 општини заедно.
Во однос на вредноста на јавните набавки по жител, во 2023 година се потрошени просечно по 111 евра по жител, што е за 32 евра или за 60 % повеќе од претходната година. Поединечните општини потрошиле меѓу 18 и 920 евра по жител.
Најмногу пари за јавни набавки по жител во 2023 година одделила Општина Дојран, дури 920 евра. Општината имала поголеми инфраструктурни проекти, како што се санација и реконструкција на колекторски систем, изградба на пречистителна станица и слично.
На второ место е Општина Новаци, со 449 евра која стандардно се наоѓа меѓу општините чија вредност на набавките по жител е најголема во земјава.
50 општини, пак, во 2023 година одделиле помалку од 100 евра по жител за јавни набавки.
На дното е Општина Теарце, со само 18 евра по жител, а пред неа Ѓорче Петров со 24 и Виница со 29 евра по жител.