ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОСКИ: СТЕВАНОВСКИ ЌЕ ПОБЕДИ ВО ПРВИОТ КРУГ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Во Добромири, Општина Новаци, предизборен митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за неделните локалните избори.

На митингот присуствуваше и потпретседателот на партијата Александар Николоски.

„Во Новаци ќе се избере градоначалник во прв круг. Стевче Стевановски ќе има огромна победа на овие избори, а советничката група предводена од Илче Трајковски ќе има мнозинство во советот“ рече потпретседателот Николоски.

Пред присутните се обрати и кандидатот за градоначалник на Новаци, Стевче Стевановски.

„Ја промовиравме програмата за подобар живот во Општина Новаци и нашите села, програма што нуди решенија, а не празни ветувања. Поддршката што ја добиваме секој ден е доказ дека народот е со нас. На 19 октомври победуваме убедливо, уште во првиот круг“ рече Стевановски.