Денеска на Технички факултет се зборуваше за сообраќајната култура. Истражувањата на сообраќајците велат дека имаме ниска сообраќајна култура.

Лесно е да се изнервирате на пешаците и да стапнете на гаста, или пак двете другарки од основно да си муабетат на пешачки, но, тоа не укажува на сообраќајна култура.

Денеска за сообраќајната култура се зборуваше нa одбележувањето на Денот на културата во сообраќајот што го организираа Технички факултет и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со панел дискусија посветена на безбедноста на децата во сообраќајот, а насловена „Децата и младите страдаат во сообраќајот“. Претседателот на РСБСП Горан Ангеловски информираше дека со Технички факултет и нивната Сообраќајна насока ќе потпишат меморандум за соработка.

Овогодишната дискусија ја збогатија и проф.Д-р Зоран Јошевски од Техничкиот факултет, Сузана Елековска претседател на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Жанета Ристевсја, претседател на Советот за детско престапништво , Џелал Фазлиоски , помошник командир на ПС за БПС Битола, Мирјана Недановска, началник за превенција на СВР Битола. Проректорката проф. Д-р Јасмина Буневска Талевска ја прашавме за степенот на култура во сообраќајот кај нас. Интеграција на сите сегменти ја прават сообраќајната култура, култура во сообраќајот, ни рече професорката Бунеска-Талеска.

Денешната средба ја отвори дискусијата за унапредување на безбедноста на децата, затоа што сообраќајот е неразделлив дел од општествата, организирана активност која може да има и негативни аспекти, рече проф. Зоран Јошевски и оттука мора не само да се почитуваат туку и соодветно да се напишат како законска регулатива.

Сообраќајната култура не е само прашање на закони, правила, прописи или казни. Таа е одраз на нашето колективно однесување, на вредностите што ги негува едно општество и на нашата свест дека секој потег – почнувајќи од личните навики до големите одлуки – може да ја дефинира разликата помеѓу безбедното учество во сообраќајот и ризичното однесување кое може да чини живот. . РСБСП се залага за градење на систем на вредности во функција на добробит и заштита на интересите на сите учесници во сообраќајот преку зголемување на сообраќајната култура, етиката и толерантното однесување во сообраќајот. Токму затоа, на Денот на културата во сообраќајот, РСБСП упатува апел: „Бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот. Сообраќајната култура е основен предуслов за намалување на сообраќајниот метеж, намалување на бројот на сообраќајни незгоди и настраданите лица во нив. Заеднички да придонесеме за подигнување на сообраќајната култура и за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.“

На крај потенцираше дека негувањето и пренесувањето на сообраќајната култура треба да се реализира секојдневно, со личен пример и одговорно однесување.












