ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА ЌЕ АПЛИЦИРА ЗА БЕСПЛАТЕН БЕЗЖИЧЕН ИНТЕРНЕТ НИЗ ГРАДОТ

На последната седница на Советот на Општина Битола кога се утврдуваше дневниот ред, советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, предложи дополнителна точка на дневниот, а се однесува на можноста Општина Битола да учествува во проектот на Западен Балкан за бесплатно поставување на Wi-Fi точки. Се работи за проект, како што рече Бојкоски, во кој се опфатени Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија.

„Проектотот, потребно е да се донеси одлука, каде што ќе се задолжи општинската администрација со одлуката да поднесе апликација на повикот до 28 април трае повикот. 500 Wi-Fi точки ќе се постават во Западен Балкан. Можноста за Општина Битола да учествува е отворена. Потреба е одлука од страна на Советот. Се надевам дека оваа точка ќе биде поддржана едногласно, а не како во едно претходно време каде што велосипедски патеки одобрени од Европската унија не беа гласани од страна на советниците од советничките групи од СДСМ, Левица и Поинаку“’ рече советникот Бојкоски.

Одлуката беше донесена едногласно.