ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ПРЕВЕНТИВНА АКЦИЈА ЗА ВОЗАЧИТЕ НА ТОВАРНИ ВОЗИЛА

Во рамки на кампањата на МВР за „Безбедно лето“, битолската полицијата на Краварски пат со превентивна акција за возачите на товарни возила. Полициските службеници на возачите и поделија флаери со едукативна содржина и вода за да се разладат на овие високи температури.

„Сообраќајната полиција при СВР Битола денес во рамките на кампањата на МВР, а во рамките на „Безбедно лето“, спроведуваме една преветивна активност од областа на сообраќајот каде што ќе ни бидат опфатени возачите на товарни моторни возила, на кои што ќе им дадеме вода и еден апел ќе им упатиме да возат одморени и наспани, бидејќи заморот е како една од најчестите причини за сообраќајна незгода. Исто така апелираме да внимаваат на брзината во и надвор од населено место и се разбира да не конзумираат алхохол“, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Дел од возачите на товарните возила ја поздравија ваквата активност на полицијата.

Од почетокот на годината на подрачјето на СВР Битола 15 возачи на товарни моторни возила биле учесници во сообраќајни незгоди, од кои двајца возачи се здобиле со тешки телесни повреди. Од СВР Битола со апел до возачите на товарни возила да возат само 9 часа дневно, односно 2 пати во неделата и по 10 часа. По четири и пол часа на управување со возилото да направат 45 минутна пауза. Во рок од 24 часа редовен одмор да им биде 11 часа.