ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКИТЕ ПЛАНИНАРИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЗАШТИТА ОД ШУМСКИ ПОЖАРИ

Битолските планинари активно се вклучени во заштита од шумските пожари и зачувување на природните богатства на Пелистер, соопптија од националниот парк „Пелистер“.

Националниот парк  јавно им се заблагодарува на планинарските друштва и планинарите за потпишувањето на денешниот меморандум за соработка, со што истите континуирано ќе го евидентираат и пријавуваат секое несовесно однесување до ренџерската служба на Националниот парк Пелистер.

Со цел заштита од шумски пожари и зачувување на природните богатства на „Пелистер“,  националниот парк „Пелистер“ и планинарските друштва од Битола потпишаа Меморандум за соработка.

Во периодот од 1 јули до 31 август 2025 година, согласно Законот за шуми, се воведува целосна забрана за движење во шумите на територијата на Паркот – со исклучок на:

-лица со писмено одобрение од Паркот

– планинарски друштва со дозвола за движење

Меморандумот има за цел заштита од пожари, одржување на чистота и ред во природата, контролирано движење по означени патеки и навремено пријавување на сомнителни активности.

Од националниот парк ја информираат јавносита доколку некој забележи пожар, отпадоци или сомнителни активности – веднаш да пријав на следните телефони:

Пелистер/Вртушка: 070 281 300 / 071 235 972 / 075 237 267 / 071 401 977 и Брајчино: 072 312 215.