ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНИ КУПУВААТ КУЌИ, СКОПЈАНИ КУПУВААТ СТАНОВИ

Каков е трендот на пазарот на недвижности во вториот квартал од годината, што се бара повеќе и по кои цени се вршат купопродажбите? Ова може да се види од најновите податоци на Агенцијата за катастар на недвижности.

Од нив може да се заклучи дека битолчани купуваат куќи, а скопјани станови. Регистарот на цени и закупини на недвижности покажува дека најмногу станови се продадени во скопската Општина Аеродром – 164, додека најголем број куќи се продадени во Битола – 60.

Статиските покажуваат дека продажбата на станови во вториот квартал од годинава е значително помала во споредба со првиот. Во периодот од 1 април до 30 мај, од инвеститори се продадени 676 новоизградени стана, што е намалување од 178 стана во споредба со првиот квартал од годинава.

Становите и натаму се најскапи во Скопје и Охрид. Највисока цена по квадратен метар е регистрирана во скопската Општина Центар. Таму во овој период е продаден најскапиот стан од 96 квадратни метри. Продаден е за 260.000 евра, или 2.708 евра за метар квадратен.

Најевтин метар квадратен е продаден во Струмица, само 320 евра. Овој податок уште еднаш потврдува дека цената на недвижните во најголема мера се формира под влијание на понудата и побарувачката.
Досега повеќе пати се правени и анализи колку години треба да работи еден човек за да купи стан од 60 квадрати. Според таквите анализи за стан во Скопје потребно е да работите 9 години, што е слично на Сараево и Загреб.

Но, овие податоци се точни само доколку целиот приход се вложува за купување стан. Така што бидејќи од платата треба да се покриваат и тековните животни трошоци времето потребно за купување на стан расте над 23 години.

За споредба на светско ниво жител на Хонг Конг треба 21 година да работи само за стан, додека во Париз и Лондон се потребни околу 15 години.