ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНИ ЈАДЕЛЕ НЕИСПРАВНА ХРАНА, ИНСПЕКТОРИТЕ КАЗНУВААТ

Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, при редовна контрола затекнале неисправна храна во угостителски објект во Битола.

На официјална веб страна на Агенцијата, информираат:

„При спроведена вонредна инспекциска контрола во угостителски објект во Битола, затекната е небезбедна храна во количина од 241 килограм, која по издадено решение од инспектор нештетно е уништена. За пуштање во промет на небезбедна храна на операторот изречена му е казна во висина од 600 евра во денарска противвредност, а со 300 евра во денарска противвредност, казнето е и одговорното лице во правниот субјект. Дополнително, на овој оператор со храна изречена му е и казна од 300 евра и 150 евра во денарска противвредност за  одговорното лице во правното лице за неизвршени задолжителни здравствени прегледи за вработените.“