ТЕРА

REKLAMA???

БЛОКАДА КАЈ ПЛЕТВАР

Патниот правец Прилеп-Плетвар од 13:00 до 14:00 часот беше блокиран кај месноста Заполшки мост. Организаторот на протестот ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го нагласи својот став против францускиот предлог.

Според Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, францускиот предлог е лош и треба да биде отфрлен. Како што рече, и да се прифати во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде против уставни измени.

-Овој француски предлог е само еден нов предизвик на патот кон ЕУ што ни носи нови и нови препреки кои можеби ќе траат и повеќе децении. Ако се прифати предлогот во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде против уставни измени, а за тоа во Собранието сега немаат 80 пратеници, изјави Сајкоски.

На блокадата на патниот правец Прилеп – Плетвар, имаше и битолчани, таму беа и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и пратеничката Олга Лозановска.

На блокадите реагираа од МВР кои велат дека Блокирање на автопати е спротивно на законот

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (08.07.2022) во архивата на МВР е примен акт со кој политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како организатор на протест, известува дека: „Во знак на протест ВМРО-ДПМНЕ организира блокади на улици на ден 8 јули (петок), во период од 13.00 до 14.00 часот“. Во известувањето се наведени маршрути, т.е. локации на блокадите и посочува лице за контакт со организаторот, што е дел од обврските на организаторот предвидени во член 3 од Законот за јавни собири. Истиот член предвидува во известувањето да бидат дадени и податоци и за „мерките што организаторот ги презел во врска со непречено организирање и одвивање на јавниот собир и податоците за организирање на редарската служба“.

За таа цел, Министерството за внатрешни работи изрази иницијатива за работна средба со контакт лицето наведено во актот, кое не одговори на поканата, ниту обезбеди своја замена или друг претставник во име на организаторот.

Оттука, со цел навремено и објективно информирање на јавноста, Министерството за внатрешни работи потсетува на правата и должностите кои ги предвидува Законот за јавните собири. A во него меѓудругото стои и дека Министерството за внатрешни работи ќе го прекине одржувањето на јавниот собир во случај кога неговото одржување е во спротивност со меѓународните договори со кои е предвидена обврска за непречено одвивање на сообраќајот.“