ТЕРА

REKLAMA???

БОГАТА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА НА СВЕТОСАВСКАТА АКАДЕМИЈА ВО СКОПЈЕ

Во Македонскиот народен театар беше одржана свечената Светосавска академија по повод одбележување на денот на Св.Сава, националниот празник на Србите во Македонија, а во организација на  Српскиот културен центар.

На манифестацијата се обратија високи официјални претставници од државава како и од Србија.На истата веќе неколку години настапува уметничкиот ансамбл при министерството за одбрана и војската на Србија, „Станислав Бинички“.

Со богата културно-уметничка програма беше претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.Меѓу изведувачите и актери и оперски првенци.

„Во Македонија ги поминав најубавите години, веќе 30 години сум во Белград, но почнав да работам во Македонскиот народен театар во 1980 тата година“, ни изјави Оливер Њего кој потекнува од семејството Османли од Битола.

Св. Сава – националниот празник на српската заедница во Република Македонија беше одбележан со низа пригодни манифестации. Името и делото на овој голем просветител на српскиот народ се славеше и во Тетово, Гостивар, Куманово и други македонски градови, па така и во Битола во организација на Заедницата на Србите од нашиот град.

Со измена на законот за празниците на Република Македонија, на 8. Февруари 2007 година во Собранието на Р.Македонија, 27 јануари е прогласен за национален празник на Србите во Република Македонија.Овој ден е неработен за припадниците на српската заедница.