На последната седница на Советот на Општина Битола каде на дневен ред беа основните училишта, советникот Бојкоски во реплика до Корлевски од СДСМ, кажа дека тие занаеле да прават, а соевтниците од СДСМ имале само желба.
„Во делот каде што велите дека вие сте дале поддршка, вие не дадовте поддршка за игралиштата, стои записник. Ниту гласавте ребаланс, ниту развојна програма, ниту економски развој, ниту една програма не ја поддржавте вие. Ниту една од програмите, стојат записите, можеме да ги гледаме колку сакате. Не дадовте поддршка.
Во делот каде што викате дека вие сте предлагале, и тоа се правело. Дел од проектите кои што сте ги предлагале, точно не само од вас, туку од сите советници се правеле. Затоа ние сме подобри од вас, оти ние знаеме да правиме, а вие имате само желби“ му реплицирапе на Корлевски советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.












