ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: СДСМ, ПОИНАКУ И ЛЕВИЦА НЕ ГЛАСАА ЗА 7 ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ

Советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски денеска рече дека советниците на СДСМ, Поинаку и Левица не гласаа седум проекти во висина од 1 милион евра кои беа одобрени од Европската инвестициона банка за општина Битола.

„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на последната седница предложи точка со која 7 проекти требаше да отпочнат со реализација а финансирани од европската инвестициона банка.

Во моментот се наоѓаме на Булеварот 1-ви Мај каде што требаше да отпочне реконструкцијата на водоводната мрежа и за кој е склучен договор за промена на коловозот но истиот не доби поддршка од советниците на СДСМ, ПОИНАКУ и ЛЕВИЦА.

Исто така и следните 6 проекти не ја добија поддршката од СДСМ, ПОИНАКУ и ЛЕВИЦА.

1.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул. Гаврило Принцип

2.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул. Паца Ванчова

3.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул.Влатко Миленковски

4.Реконструкција на водовод и канализација на ул. 7-ма Бригада

5.Изградба на водноснабдителен систем за с. Лисолај, ІІ фаза,

6.Изградба на фекална канализација во с. Трново, ІІ фаза.

Ваквото одбивање и деструктивно однесување се случува по втор пат за проекти финансирани од ЕУ.

Јавно ги прашуваме СДСМ дали со ваквото одбивање  се против проекти финансирани од ЕУ и дали можеби СДСМ со ваквото однесување се приклонуваат кон РУСИЈА или омилената дестинација на ВЕНКО ФИЛИПЧЕ кон Дубаи“ рече Бојкоски.